Copyright: Osman Kartal, Sustainably Yours - EEA
Во 2020 година, шесте економии од Западен Балкан се обврзаа да го отворат патот кон одржлива циркуларна економија, како дел од спроведувањето на Зелената агенда. За да го оживее концептот на кружна економија, секоја економија ги дефинираше своите активности за да ги задоволи локалните потреби.
EU4Green ги поддржува овие тековни иницијативи во одредени области. Во Албанија, фокусот е на локално ниво, каде што општинскиот персонал ќе се запознае со практичните мерки за циркуларна економија. Во Босна и Херцеговина и во Косово*, бизнис секторот ќе биде соодветно ангажиран преку промоција на циркуларна економија и нови деловни модели. Превенција на отпадот е на врвот на агендата за активностите на EU4Green во две економии: Северна Македонија ќе развива план за превенција од отпад за јавните институции, а Србија работи на национален план за превенција од отпад. Во Црна Гора, EU4Green ќе го поддржи развојот на акционен план за циркуларна економија, кој треба да ја оживее постоечката карта на патот.
Понатаму, проектот EU4Green ја проценува преносливоста на овие локални иницијативи низ економиите на Западен Балкан, а со тоа поттикнува размена на најдобри практики насочени кон создавање одржлива циркуларна економија.
Copyright: Andrei Marin, My City /EEA
Ное 10, 2023
ВЕСТИ
Патот на Косово* коннови кружни деловни модели
Сеп 21, 2023
ВЕСТИ
Колку црногорскиот нацрт-закон за управување со отпад е усогласен со Рамковната директива на ЕУ за отпад?
Мај 09, 2023
ВЕСТИ
Во понеделник, 8-ми мај 2023 година, Управниот комитет на проектот се состана онлајнсо цел да го одбележи почетокот на новата фаза на EU4Green Проектот и отпочнувањето на спроведувањето на активностите во шесте економии од Западен Балкан.
Јун 17, 2022
ВЕСТИ
На 17-ти јуни, Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt), официјално го започна проектот EU4Green со хибриден настан во Црна Гора.