ВЕСТИ

EU4GREEN: ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Copyright: Chinnapong-Fotolia.com

На 17-ти јуни, Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt), официјално го започна проектот EU4Green со хибриден настан во Црна Гора. Целта е да се поддржат економиите од Западен Балкан во спроведувањето на Зелената агенда, регионалниот стратешки патоказ на ЕУ против климатската криза и иницирање на соодветните реформи.

Каде стојат економиите од Западен Балкан во спроведувањето на Зелената агенда? Какви предизвици и можности носи оваа стратегија за економијата и општеството? И како може EU4Green да помогне да се отвори патот за модерна, климатско неутрална и ефикасна економија? Овие и други прашања ќе бидат одговорени од високи претставници и засегнати страни од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово* и Србија, како и експерти од Европската Унија и Агенцијата за животна средина на Австрија на почетниот настан na EU4Green Проектот кој се одржана 17 јуни во Будва, Црна Гора и онлајн.

Настанот има за цел за да се дискутираат претходните искуства од повеќегодишните транснационални програми на ЕУ за имплементација на Зелената агенда и да се искористат за новиот проект. Работилницата исто така ќе се фокусира на предусловите и факторите за успех за националната и регионалната имплементација на Зелената агенда во Западен Балкан. Учесниците, исто така, ќе ги истражуваат синергиите помеѓу EU4Green и иницијативите за регионална соработка, како што е Советот за регионална соработка (RCC).

 

EU4GREEN: ИЗЛЕЗ ОД КЛИМАТСКАТА КРИЗА

До 2025 година, во име на Европската комисија експерти од Агенцијата за животна средина на Австрија ќе ги поддржуваат економиите од Западен Балкан во справувањето со климатската криза и унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ. Основата е Зелената агенда за Западен Балкан. Тоа создава услови за намалување на загадувачите во животната средина, зачувување на биолошката разновидност, промовирање на циркуларната економија и поддршка  на поодржливо земјоделството. Проектниот тим на EU4Green развива конкретни планови за негова имплементација заедно со властите од Западен Балкан и националните претставници од индустријата и граѓанското општество. Покрај тоа, мониторингот и известувањето се прошируваат за да се заштитат луѓето и животната средина. Финансиските средства за новиот проект доаѓаат од Европската комисија. На национално ниво Проектот е кофинансиран од АДА (Австриска развојна агенција).

 

Umweltbundesamt

Copyright: Umweltbundesamt

*Оваа ознака не ги нарушува позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на Меѓународниот Суд за Правда за прогласувањето независност на Косово.

За повеќе информации за Проектот, ве молиме контактирајте не на:

eu4green@umweltbundesamt.at