НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

Copyright: Umweltbundesamt

Шесте економии од Западен Балкан страдаат од неповолен квалитет на воздухот, особено во зима. Преку анализа на тековниот статус, идентификување на празнините и стратегии за потребната работа, економиите се стремат кон значително подобрување на квалитетот на воздухот, а со тоа и кон реализација на Зелената агенда.

Во рамките на EU4Green, определени се голем број работни пакети за решавање на неколку клучни области во врска со управувањето со квалитетот на воздухот, мониторингот и известувањето за емисиите.

Со цел да се подобри управувањето со квалитетот на воздухот во WB6, EU4Green ќе го поддржи развојот на планови за квалитет на воздухот со фокус на два главни извори на загадување на воздухот – греење на домаќинствата и согорување на земјоделски отпад.

Националните референтни лаборатории (NRL) го обезбедуваат квалитетот на добиените податоци за квалитетот на воздухот и нивната следливост според националните и меѓународните стандарди. Веќе воспоставениот NRL во Црна Гора представува преседан за другите економии од Западен Балкан. Во EU4Green ќе се дискутираат барањата за NRL во сите шест економии и ќе се развијат конкретни пристапи за имплементација.

Со следење на загадувачите како тешки метали, PAH и VOCs, хемиските лаборатории се клучни во справувањето со загадувањето на воздухот. Поради оваа причина, EU4Green има за цел да ги зајакне капацитетите на хемиските лаборатории во обезбедување и контрола на квалитетот; проширувањето на множеството параметри за набљудување, претставува можност за понатамошно напредување.

Мониторингот на индикаторите на екосистемот го опфаќа воздухот, но и вегетацијата, шумите, почвата и водата. Затоа е неопходна соработка на различни актери, а таа соработка ќе се воспостави преку EU4Green. Понатаму, ќе се развие план за имплементација за систем за следење во согласност со идните законски барања.

Leonid Nyshko - Fotolia.com

Copyright: Leonid Nyshko - Fotolia.com

ВИДИ ПОВЕЌ

Zoe-Fotolia.com_PSC

Мај 09, 2023

ВЕСТИ

EU4GREEN: ПОЧЕТОК НА СЛЕДНАТА ФАЗА

Во понеделник, 8-ми мај 2023 година, Управниот комитет на проектот се состана онлајнсо цел да го одбележи почетокот на новата фаза на EU4Green Проектот и отпочнувањето на спроведувањето на активностите во шесте економии од Западен Балкан.

Chinnapong - Fotolia.com

Јун 17, 2022

ВЕСТИ

EU4GREEN: ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

На 17-ти јуни, Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt), официјално го започна проектот EU4Green со хибриден настан во Црна Гора.