Copyright: Sebastian Koi, Rediscover Nature - EEA
Светот на природата во голема мера зависи од човечкиот фактор, особено во однос на зачувувањето на биолошката разновидност. Затоа, заштитата на биолошката разновидност во регионот на Западен Балкан е исто така од големо значење. Западен Балкан е ангажиран во напорите да ги имплементира директивите на ЕУ за природата, стремејќи се да ја балансира побарувачката за развој со неопходноста за зачувување на животната средина.
Проектот EU4Green се фокусира на поплавните рамнини во заштитените подрачја, бидејќи тие се примерни за други еколошки важни живеалишта и може да се пренесат мерки и активности за нивна заштита. Затоа, ќе се идентификува по еден примерен локалитет во секоја од шесте економии од Западен Балкан, ќе се собираат релевантни податоци и ќе се изградат гео бази за специфични проекти. Собраните податоци ќе се користат за изготвување или ажурирање на Стандардните обрасци за податоци на избраните локации и за осмислување сет на цели и мерки за секое конкретно поле на интерес, од зачувување до поврзување, решенија засновани на природата и управување со инвазивни видови.
Овој интегративен и фокусиран пристап служи како модел за другите региони кои сакаат да ја заштитат и подобрат својата единствена биолошка разновидност. Ја нагласува потребата од спојување на економските и социјалните потреби со еколошките размислувања.
Понатаму, EU4Green ќе обезбеди поддршка за економиите на Западен Балкан во зачувувањето на скапоцената разновидност на видови, живеалишта и екосистеми, вклучувајќи ендемични видови и области со недопрена природа. Преку прекугранични активности и соработка, EU4Green настојува да создаде заедничка сила на Западен Балкан за заштита на биолошката разновидност во согласност со законодавството на ЕУ.
Апр 12, 2024
ВЕСТИ
Црногорскиот парламент го усвои Законот за управување со отпад, измените на Законот за индустриски емисии, како и измените на Законот за биоцидни производи.
Апр 05, 2024
ВЕСТИ
EU4Green ангажираше експерти од регионот и започна теренска работа за биолошката разновидност.
Мар 29, 2024
ВЕСТИ
EU4Green e podneo izveštaj „Status ekološki laboratorii na Zapadnom Balkanu (ZB) i njihovi kapaciteti“
Мар 22, 2024
ВЕСТИ
Овие работилници, со посебен фокус на Директивата за нитрати, претставуваат важен чекор во вклучувањето на интересните групи од целиот регион.
Фев 27, 2024
ВЕСТИ
Овој ден служи за признавање на напорите и достигнувањата на невладините организации ширум светот во нивната работа за промовирање на социјалната правда, човековите права и одржливиот развој.
Фев 02, 2024
ВЕСТИ
Темата на овогодинешниот Светски ден на мочуриштата е „Мочуриштата и благосостојбата на луѓето“.
Јан 15, 2024
ВЕСТИ
Како дел од нашата посветеност на транспарентност и вклученост на јавноста, со задоволство ја претставуваме кампањата #Успеавме.
Јан 08, 2024
ВЕСТИ
Оваа иницијатива има за цел да ги истакне успешните приказни од различни економии во регионот, покажувајќи конкретни достигнувања во усвојувањето на Зелената агенда.
Мај 09, 2023
ВЕСТИ
Во понеделник, 8-ми мај 2023 година, Управниот комитет на проектот се состана онлајнсо цел да го одбележи почетокот на новата фаза на EU4Green Проектот и отпочнувањето на спроведувањето на активностите во шесте економии од Западен Балкан.
Јун 17, 2022
ВЕСТИ
На 17-ти јуни, Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt), официјално го започна проектот EU4Green со хибриден настан во Црна Гора.