Copyright: pressmaster-Fotolia.com_
Зелената агенда овозможува транзиција на Западен Балкан кон модерни, ефикасни во однос на ресурсите и конкурентни економии каде растот е одвоен од емисиите на стакленички гасови, користењето на ресурсите и создавањето отпад и каде се следи отпорноста на климата. Следењето на спроведувањето на вакви сложени политики бара време и солидно познавање на постоечките системи за следење и известување.
Согледувајќи ја потребата од ефективен и ефикасен заеднички регионален систем за следење, лидерите од Западен Балкан му доверија на Советот за регионална соработка (РСС) да воспостави таков систем на регионално ниво. На национално ниво, Агенцијата за животна средина Австрија елаборира концепт – документ за анализа на националната Зелена Агенда, кој се фокусира на изводливоста за следење на широката и повеќесекторска имплементација на политиката според конкретни, мерливи индикатори. Затоа, ќе се анализираат постоечките национални системи за следење и известување и нивното сегашно ниво на содржина и функционирање. Учеството на Западен Балкан во поврзаните мрежи и програми на ЕУ и неговите текови на податоци се интегрална компонента на оваа анализа. Врз основа на ова, ќе се изработи патоказ за рамка за мониторинг и известување.
Развојот на оваа нова рамка за следење е значајна пресвртница. Тоа претставува можност да се измерат и да се квалификуваат чекорите што се превземаат во остварувањето на Зелената агенда. Со спроведувањето на оваа рамка, шесте економии од Западен Балкан поставуваат стандарди за другите региони, демонстрирајќи ја својата посветеност на одржлива иднина.
Copyright: FranzRokop
Мај 09, 2023
ВЕСТИ
Во понеделник, 8-ми мај 2023 година, Управниот комитет на проектот се состана онлајнсо цел да го одбележи почетокот на новата фаза на EU4Green Проектот и отпочнувањето на спроведувањето на активностите во шесте економии од Западен Балкан.
Јун 17, 2022
ВЕСТИ
На 17-ти јуни, Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt), официјално го започна проектот EU4Green со хибриден настан во Црна Гора.