ВЕСТИ

EU4GREEN: ПОЧЕТОК НА СЛЕДНАТА ФАЗА

Copyright: Zoe-Fotolia.com

Во понеделник, 8-ми мај 2023 година, Управниот комитет на проектот се состана онлајнсо цел да го одбележи почетокот на новата фаза на EU4Green Проектот и отпочнувањето на спроведувањето на активностите во шесте економии од Западен Балкан.

Започнат во 2022 година EU4Green Проектот финансиран од Европската комисија е имплементиран од Агенцијата за животна средина на Австрија работи на усолгасување со амбициозните цели на Европскиот зелен договор. Европскиот зелен договор е усвоен од Европската комисија во декември 2019 година и истиот предвидува Европа ресурсно ефикасна и јаглеродно неутрална Европа до 2050 година. Со зајакнување на спроведувањето на Зелената агенда во регионот, Проектот се стреми да го поддржи Западен Балкан во транзицијата кон поодржлива и климатски отпорна иднина која ќе го подржи развојот на локалните и на европските економии.

EU4Green штотуку ги отвори канцелариите во три економии од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина и Србија. Со тоа, EU4Green има за цел да овозможи полесна регионална соработка, координација и размена во врска со прашањата поврзани со животната средина и климата, притоа нудејќи знаење и техничка помош.

Преку оваа иницијатива, EU4Green ќе ја зајакне соработката меѓу Западен Балкан и Европската Унија, како и другите засегнати страни.

PSC

Copyright: PSC

Umweltbundesamt/H. Ringhofer

Copyright: Umweltbundesamt/H. Ringhofer

EU4Green создава важен поттик за да се прифати и спроведе Зелената агенда за Западен Балкан. Зелената агенда ќе ги поддржи целта за одржлива и праведна транзиција на континентот и процесот на пристапување во ЕУ на економиите од Западен Балкан.

Георг Реберниг, Агенција за животна средина Австрија

Зелената агенда за Западен Балкан го отсликува Зелениот договор на ЕУ и се заснова на пет главни столбови: декарбонизација, намалување на загадувањето, биодиверзитет, циркуларна економија и одржливо земјоделство и производство на храна.

„ EU4Green создава важен поттик за да се прифати и спроведе Зелената агенда за Западен Балкан. Зелената агенда ќе ги поддржи целта за одржлива и праведна транзиција на континентот и процесот на пристапување во ЕУ на економиите од Западен Балкан“, рече Георг Реберниг, извршен директор на Агенцијата за животна средина Австрија и Проектен директор на EU4Green. „Проектот ќе ги вклучи носителите на одлуки и засегнатите страни во процесот со цел да се обезбеди учество во процесот и да се зајакне прифаќањето. Партиципативниот процес на спроведување на EU4Green има за цел градење на синергии, поттикнување на нови идеи и подобрување на квалитетот на донесување одлуки“.

EU4GREEN ВО КРАТКИ ЦРТИ

До 2025 година, Агенцијата за животна средина Австрија во име на Европската комисија ќе ги поддржува економиите од Западен Балкан во справувањето со еколошките предизвици и унапредувањето на процесот на пристапување кон ЕУ. Основата е Зелената агенда за Западен Балкан. Процесот создава услови за намалување на загадувачите во животната средина, зачувување на биолошката разновидност, промовирање на циркуларната економија и поддршка на поодржливо земјоделството. Проектниот тим на EU4Green развива конкретни планови за негово спроведување заедно со засегнатите национални представници во партнерските економии и претставниците од индустријата и граѓанското општество. Покрај тоа, мониторингот и известувањето се прошируваат со цел да се заштитат луѓето и животната средина. Финансиските средства за проектот доаѓаат од Европската комисија, кофинансирање од Австриската агенција за развој.

За информации за проектот, ве молиме контактирајте:
eu4green@umweltbundesamt.at