ЕУ-сообразност на Законот за управување со отпад во Црна Гора
Copyright: Mak Kapetanovic
Колку црногорскиот нацрт-закон за управување со отпад е усогласен со Рамковната директива на ЕУ за отпад? Анализата на експертите на EU4Green покажува дека многу од одредбите на законодавството на ЕУ за отпад се целосно транспонирани, додека за останатите се дадени препораки за целосно усогласување.
Во рамките на EU4Green, австриски експерти за управување со отпад извршија проверка на усогласеноста на црногорскиот Закон за управување со отпад и придружните документи. Проверката на усогласеноста покажа дека многу од одредбите на законодавството на ЕУ за отпад се целосно транспонирани во црногорското национално законодавство. За одредбите кои сè уште не се целосно транспонирани, австриските експерти дадоа препораки за целосно усогласување со законодавството на ЕУ за отпад. Овие резултати беа доставени до Европската комисија и до засегнатиот корисник.
Земјите кандидати за ЕУ мора да ги усвојат правилата и регулативите на ЕУ како националнизакони, додека директивите треба да се транспонираат во националното законодавство. Прелиминарните проверки на усогласеноста со соодветното законодавство на ЕУ им помагаат на земјите да избегнат проблеми по пристапувањето во ЕУ кои би можеле да настанат поради неправилно транспонирана легислатива.
Црногорската национална стратегија за одржлив развој до 2030 година која целосно ја транспонира Агендата на ОН 2030 ја препознава важноста на транзицијата кон циркуларна економија. Една од главните цели на овој стратешки документ е да се подобри управувањето со отпадот со примена на пристапи засновани на циркуларна економија како приоритет број еден.
ПРЕТВОРЕЊЕ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО МОЖНОСТИ
Зелената агенда е сеопфатен план кој има за цел да постигне еколошка одржливост и социо-економска трансформација. Тоа вклучува транзиција кон ниско јаглеродна економија, промовирање на обновливи извори на енергија, одржливо земјоделство и зачувување на биолошката разновидност. Социјалната правда, инклузивноста и моделите на одржлива потрошувачка се исто така нагласени за да се изгради отпорна и праведна иднина за сите.
Проектот EU4Green ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивната транзиција кон модерни, ресурсно ефикасни и конкурентни економии. Финансиран од Европската унија и австриската влада, EU4Green во консултација со сите релевантни партнери ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во зазеленувањето на нивните економии и во зајакнувањето на мониторингот и известувањето. Проектот го спроведува Агенцијата за животна средина на Австрија во соработка со владите, институциите и делегациите на ЕУ во Западен Балкан, стремејќи се кон одржлива и просперитетна иднина за регионот.