ВЕСТИ

ЧЕКОРИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ СО НИТРАТИ И ПЕСТИЦИДИ

Copyright: Trout55

Непречистените отпадни води и отпадните води се главен извор на загадување на водите и исто така претставуваат сериозен проблем во некои области од регионот на Западен Балкан. Конкретно, истекувањето на земјоделските отпадни води во подземните води е главниот извор на загадување на подземните води со нитрати и пестициди и главен еколошки проблем во цела Европа, а исто така и во регионот на Западен Балкан. EU4Green го поддржува Западен Балкан во спроведувањето на Директивата за нитрати како основа за заштита на водните ресурси, воспоставување добри земјоделски практики и следење на загадувањето на водата.

Нитратите кои се користат во вештачките ѓубрива и различните пестициди кои се користат во земјоделството влегуваат во подземните води преку исцедување/лужење и стигнуваат до површинските води преку истекот од земјоделските полиња. Високото ниво на нитрати ја прави водата несоодветна за пиење. Исто така, влијае на реките, езерата и морињата со нарушување на нивото на азот, што предизвикува раст на алги. Ова има силен ефект врз водните системи и водните организми, како што се рибите. Директивата за нитрати има за цел да го заштити квалитетот на водата низ Европа преку спречување на нитратите од земјоделски извори кои ги загадуваат подземните и површинските води и преку промовирање на употребата на добри земјоделски практики.

Регионалната работилница за имплементација на Европската директива за нитрати ќе се одржи во Подгорица на 12 и 13 септември и поврзува две централни теми на EU4Green: намалување на загадувањетона водата и одржливо земјоделство. Главните цели на работилницата се да се развијат појдовни точки за континуирана соработка со корисниците во регионот и да се добие подобро разбирање за статусот на имплементација, приоритетите, предизвиците и следните чекори за транспонирање и спроведување на Директивата за нитрати во Западен Балкан. Експерти за подземни и површински води, земјоделство и животна средина од Австрија и од Западен Балкан, во Подгорица ќе разговараат за тоа како да се развијат  Добри земјоделски практики, нацрт Акциони програми за нитрати и како истите да се прилагодатна националните барања. Работилницата нуди и можност за вмрежување, размена на искуства и трансфер на знаење. 

 

ПРЕТВОРЕЊЕ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО МОЖНОСТИ

Зелената агенда е сеопфатен план кој има за цел да постигне еколошка одржливост и социо-економска трансформација. Тоа вклучува транзиција кон економија со ниска јаглеродна емисија., промовирање на обновливи извори на енергија, одржливо земјоделство и зачувување на биолошката разновидност. Социјалната правда, инклузивноста и моделите на одржлива потрошувачка се исто така нагласени за да се изгради отпорна и праведна иднина за сите.

Проектот EU4Green ги поддржува земјите од Западен Балкан во нивната транзиција кон модерни,ресурсно ефикасни и конкурентни економии. Финансиран од Европската унија и австриската влада, EU4Green во консултација со сите релевантни партнери ги поддржува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во зазеленувањето на нивните економии и во зајакнувањето на мониторингот и известувањето. Проектот го спроведува Агенцијата за животна средина на Австрија во соработка со владите, институциите и делегациите на ЕУ во Западен Балкан, стремејќи се кон одржлива и просперитетна иднина за регионот.