ВЕСТИ
Регионална работилница за напредокот во врска со Директивата на ЕУ за нитрати
Copyright: EU4Green
EU4Green ја одржа својата втора регионална работилница во Тирана, собирајќи институции и експерти од сите шест економии на Западен Балкан со цел да се зајакне имплементацијата на Директивата на ЕУ за нитрати.
Работилницата беше фокусирана на пет клучни теми:
Учесниците разменија искуства и ги прегледаа новоразвиените материјали и алатки за обука, како што се Калкулаторот за ѓубриво од добиток и брошурата Кодекси за добра земјоделска пракса. Двата документи се прилагодени на специфичниот контекст на секоја економија и на практичните потреби во регионот.