ВЕСТИ

Отворен повик на Советот за регионална соработка (RCC): Поддршка за транспозиција на Директивата за национални обврски за намалување на емисиите во Западен Балкан (WB6)

Copyright:

Отворен повик на Советот за регионална соработка (RCC): Поддршка за транспозиција на Директивата за национални обврски за намалување на емисиите во Западен Балкан (WB6)

Советот за регионална соработка (RCC) објави отворен повик за техничка помош под наслов: „022-026 Поддршка за транспозиција на Директивата за национални обврски за намалување на емисиите во Западен Балкан (WB6)“.

Целта на повикот е да им се даде поддршка на шесте земји од Западен Балкан (WB6) во процесот на транспозиција (преземање) на Директивата за национални обврски за намалување на емисиите (NEC), со што ќе се придонесе кон зајакнување на управувањето со квалитетот на воздухот и усогласување со еколошките стандарди на ЕУ.

Ги охрабруваме експертите и заинтересираните страни да аплицираат, како и понатаму да ја споделат оваа можност во рамките на своите професионални мрежи.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 11 март 2026 година.