ВЕСТИ

Работилницата во Тирана го истакна регионалниот напредок во врска со Директивата на ЕУ за нитрати

Copyright: eu4green

Тирана, 24 јуни 2025 година – Во рамките на проектот EU4Green, во Тирана, Албанија, се одржа регионална работилница за имплементација на Директивата на ЕУ за нитрати (91/676/ЕЕЗ). Настанот собра претставници на институциите, технички експерти и практичари од шесте економии на Западен Балкан (ЗБ) со цел да се согледа напредокот, да се разменат пристапи и да се презентираат алатките кои го поддржуваат усогласувањето со еколошкото законодавство на ЕУ.

Работилницата е дел од Работниот пакет 1–6 на проектот EU4Green, кој ги поддржува напорите за намалување на загадувањето со нитрати од земјоделски извори и придонесува за пошироките цели во рамките на Зелената агенда за Западен Балкан и Кластерот 4 од преговорите за пристапување во ЕУ.

Фокусот на Дневниот ред на состанокот беше на петте клучни столбови за имплементација на Директивата за нитрати:

  • Следење на површинските и подземните води
  • Одредување на зони ранливи на нитрати (НВЗ)
  • Развој и примена на Кодексот за добра земјоделска пракса (КДЗП)
  • Формулирање на Акциони програми
  • Механизми за известување и евалуација

 

Овие елементи беа презентирани преку развиените материјали за обука и конечната верзија на брошурата Кодекс за добра земјоделска пракса, при што двата документи се прилагодени на специфичниот контекст на секоја економија и развиени со придонес од претходните билатерални работилници и регионални консултации. Материјалите за обука, кои ја опфаќаат содржината на сите презентации од работилницата, ќе бидат консолидирани во единствен документ до крајот на септември.

Презентиран беше и Калкулатор за ѓубриво од добиток. Оваа практична алатка, осмислена да го поддржи управувањето со азот на ниво на фарма, сега е достапна на сите шест јазици од Западен Балкан и е наменета да им помогне на земјоделците и советодавните служби во почитувањето на релевантните обврски поврзани со нитрати. Алатката и брошурата беа презентирани како прелиминарен преглед и моментално се во фаза на интерна ревизија, а дисеминацијата е планирана за септември.

Статус во регионот

Иако напредокот се разликува меѓу економиите, работилницата понуди структурирана платформа за согледување на моменталната ситуација:

  • Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина веќе имаат одредено НВЗ или усвоено законски рамки.
  • Албанија, Северна Македонија и Косово* се во порани фази, со тековна работа на воспоставување системи за следење, правна основа за КДЗП и моделирање на азот.

Дискусиите им овозможија на учесниците да ги испитаат техничките и институционалните аспекти на имплементацијата, вклучувајќи ги предизвиците на меѓусекторската координација помеѓу органите за управување со водите и земјоделските власти.

Клучни пораки и изгледи

Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на техничката помош и задржување на „сопственоста“ на економиите врз процесот на имплементација. Улогата на советодавните служби исто така беше нагласена како централна за ефикасна дисеминација и примена на КДЗП и Акционите програми на ниво на фарма.

Работилницата придонесува за општата цел на ЕУ за зајакнување на институционалните капацитети и поддршка на усогласувањето на политиките во регионот во поглед на пристапувањето во ЕУ. Исто така, обезбедува практично продолжување на првата регионална работилница во Подгорица (2023) и ја надополнува серијата билатерални и тематски работилници одржани во 2024 и почетокот на 2025 година.

За да се обезбеди континуитет и по Работниот пакет 1–6, беше предложено воспоставување стручна тркалезна маса за поттикнување редовен дијалог помеѓу министерствата за управување со водите, земјоделството и советодавните служби. Оваа платформа би ја поддржала транспозицијата на еколошкото законодавство на ЕУ и би го насочувала спроведувањето на идните мерки. Исто така, може да послужи како основа за следни проекти или можности за финансирање во рамките на инструментите како што е ИПАРД III.

За повеќе информации, материјали и контакти, посетете: https://eu4green.eu/ или следете го EU4Green на LinkedIn.

*Оваа ознака не ги доведува во прашање ставовите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на МСП за декларацијата за независност на Косово.